Услови за користење

Со нарачка на било кој производ или понуда од веб сајтот Lapetit.мк или учествување во било која програма на сајтот Вие се согласувате со Условите на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување.

МИЛФУД ДОО Скопје ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на МИЛФУД ДОО Скопје е строго забрането. Прекршување на општите услови  за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

МИЛФУД ДОО може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки.

Податоци кои ги проследува корисниот

Личните податоци кои ги проследувате до сајтот lapetit.mk. со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.

Сите податоци, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето може да се изврши со VISA EC/MC или Maestro картичка.

Плаќањето во готово не е возможно за нарачки направени преку оваа веб страна.

ДОСТАВА

Нашата компанија МИЛФУД ДОО НЕ нуди и не врши достава на сите производи на домашна адреса. Нудиме достава единствено поголеми нарачки за кои претходно ќе биде договорена достава преку е-пошта или телефон, сите други производи достапни во нашата онлајн продавница се преземаат од нашата слаткарница во Скопје. Нарачки на свадбени декоративни торти се вршат најмалку 15 дена пред посакуваниот датум за испорака.

УСЛОВИ

Крајниот корисник го прифаќа фактот дека МИЛФУД ДОО не нуди и не дозволува рефундација на извршени уплати по било кој можен основ.

Крајниот корисник го прифаќа фактот дека при подигање на нарачката, крајниот корисник треба да има документ за идентификација, како и да го знае својот број на профил и број на нарачка, за да може да ја подигне истата од нашата слаткарница.

Веб страната содржи материјали заштитени со авторски права, заштитен знак, дизајн и други информации кои се опфатени со други правни лица или ентитети, вклучувајќи и неограничувајќи се на: слики, видео, графика, музика, звук, софтвер, текст и целата содржина на сајтот www.lapetit.mk во согласност со нашите правила и прописи.